Руска фармацевтска компанија отвори фабрика во Бунарџик

Bez autora
Oct 31 2012

Руската фармацевтска компанија Продис во средата отвори фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, каде е планирано да се произведуваат органски и неоргански чаеви и хомеопатски лекови. Фабриката, која претставува значајна грин-филд инвестиција, сместена е на земјена површина од 25.000 м2 и 5.000 м2 објект. Се работи за проект вреден над осим милиони евра, којтреба да се реализира во две фази во период од пет години. Капацитетот на објектот располага со производствени хали, развојни и контролни лаборатории, магацини и администрација, согласно највисоки стандарди за квалитетно производство: GMP стандарди, ISO согласности и HACCP стандарди.

Руска фармацевтска компанија отвори фабрика во БунарџикРуската фармацевтска компанија Продис во средата отвори фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, каде е планирано да се произведуваат органски и неоргански чаеви и хомеопатски лекови.

Фабриката, која претставува значајна грин-филд инвестиција, сместена е на земјена површина од 25.000 м2 и 5.000 м2 објект. Се работи за проект вреден над осим милиони евра, којтреба да се реализира во две фази во период од пет години.

Капацитетот на објектот располага со производствени хали, развојни и контролни лаборатории, магацини и администрација, согласно највисоки стандарди за квалитетно производство: GMP стандарди, ISO согласности и HACCP стандарди.

Во втората фаза е предвидено изградба на уште еден производствен погон, со површина од 4.000 квадратни метри. Со тоа сегашната бројка од 80 нововработени ќе се зголеми на 160.

На свеченото отворање се обрати македонскиот премиер Никола Груевски, кој истакна дека октомври  2012 година дефинитивно е месец на инвестиции во Македонија

„Отворен е „Сити мол“, инвестиција од околу 70 милиони евра во која се очекува да бидат вработени околу 2.000 лица, „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра, каде треба да се вработат 500 лица, „Текнохосе“, инвестиција од 15 милиони евра што ќе овозможи околу 200 вработувања и денеска се отвора фабриката „Продис“ на руски „Протек груп“, инвестиција од осум милиони евра во која по целосното завршување ќе се вработат 160 лица“, изјави Груевски.

Како мнозински акционер се јавува рускиот бизнисмен,  Вадим Сергеевич Јакунин, кој е и доминантен сопственик во руската компанија Протек Гроуп, најголема и водечка руска фармацевстка компанија.

Своето уникатно производство, Продис како интернационална компанија, најавува дека ќе го пласира на светските пазари, во Руската Федерација, во државите од поранешниот Советски Сојуз, земјите од Адриатик регионот, на соседните пазари како и на македонскиот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik